
Со комплетирањето на шестото коло од ЛШ и од ЛЕ, се обелоденија сите екипи, кои изборија нокаут-фаза во второто по ред најквалитетно европско клупско натпреварување.
Имено, првопласираните екипи од групите на ЛЕ изборија директно учество во осминафиналето, додека вторите тимови, во првата фаза, ќе ги одмерат силите со третопласираните од групите во ЛШ.
Во екипите, кои заслужија одмор поради најдоброто издание во групите спаѓаат: Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Црвена Ѕвезда, Баер Леверкузен и Вест Хем.