Во Кавадарци ракометарите на Тиквеш славеа со 25:23 против Охрид, во еден од директните натпревари кои ќе одлучуваат за пласман во плеј-офот.
Екипата на Горан Андоновски со оваа победа ја зголеми предноста пред тимот на Раде Стојановиќ со 5 бодови. Најефикасни во тимот на Тиквеш беа Симиќ со 7 и Кондев со 5 гола, додека кај гостите од Охрид се истакнаа Шилегов со 8 и Крсте Андоновски со 5 гола.