Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија најави дека ќе го одигра последниот натпревар во националниот тим. Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.
„Среќем сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогување од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знам како да се носам со нив“, рече Пандев.