Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија најави дека ќе го одигра последниот натпревар во националниот тим.
– Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат, рече Пандев.