Ракометарите на Охрид го совладаа тимот на Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен со 24-21 (полувреме 13-9). Јован Талевски со 5 гола беше најефикасен на теренот, додека кај Охрид со по 4 погодоци најдобри беа Мартин Манасков и Никола Ристески.
Во драматичен меч Бутел и Пролет 62 ги поделија бодовите 26-26. Трифковиќ со 6 гола и Младеновски со 5 беа најефикасни во тимот на Бутел. Кај Пролет, најефикасни Потиќ и Пејовиќ со по 6 гола.