Еурофарм Пелистер ја забележа деветтата победа по ред во Суперлигата откако славеше против Металург со 34-24 (18-10). Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Периќ со 9 и Ѓукиќ со 5 погодоци, а во тимот на Металург Калуѓеровиќ со 9 гола.
Вардар славеше во Струга со 22-32 (полувреме 10-15). Најефикасен кај победникот беше Димитар Димитриоски со 11 гола, а кај Струга Христијан Крстановски и Филип Пајкоски постигнаа по 6 гола.