Тимот на ГРК Охрид од денес, па се до четврток 26.01.2023 ќе биде во Шабац, Р.Србија за зимските подготовки.
Гладијаторите покрај тренинзите, ќе одиграат и три пријателски натпревари со врвот на српската лига, т.е. со екипите на Црвена Ѕвезда, Металопластика и Партизан.
ГРК Охрид ја продолжи соработката со десниот бек Деан Шешиќ. Популарниот Шеле потпиша до 2024та година. Истовремено одлучи својот централен бек Владан Кастратовиќ да го прати на позајмица во РК Куманово.