
Вчера, екипата на Спорт го надигра ТПС Турку со 2-1 на домашен терен.
Денес, претставниците на Турку ги пречекаа ривалите од Вааса во својот ,,Гаторејд Центер” и им го возвратија ударот со 3-0.
За победничкиот состав, двапати во интервал од 24 секунди во првата третина стрелаа Топијас Хаапанен и Јухани Јасу, а конечниот резултат го постави Павол Скалицки во вториот период.
Голманот Лааси Лехтинен беше исто така важна алка за својата екипа, одбранувајќи ги сите 21/21 противнички удари за четвртиот шут-аут во сезоната.
На табелата, Спорт го држи тринаесеттото место, додека ТПС ја зазема шестата позиција.