
Женската репрезентација на Холандија ја оправда фаворитската улога и доби злато на штафетата на 3000 метри во брзо лизгање на кратки патеки.
Новиот шампион беше претставен од: Сузане Схлтинг, Селма Поутсма, Ксандра Велзебор и Јара ван Керкхоф, кои поставија нов олимписки рекорд од 4:03,409 минути.
На второто место се пласираше Јужна Кореја (4:03,627), која го замени златото од Пјонгчанг 2018 со сребрен медал.
Домашната селекција, Кина (4:03,863), освои бронза, а без пиедестал остана Канада (4:04,329).
За корејскиот состав лизгаа Сео Ви-мин, Чои Мин-џеонг, Ким А-ланг и Ли Ју-бин, а за Кина настапија Чу Чунју, Хан Јутонг, Фан Кечин и Жанг Јутинг.
Во Б финалето, битката за петтото место ја доби Италија пред Полска, додека Русија и Сад беа дисквалификувани.