Челниците на НХЛ официјално ја соопштија својата одлука со која нема да им дозволат на своите хокеари да настапат на ЗОИ 2022 во Пекинг.
,,Националната хокеарска лига ја почитува желбата на сите играчи, кои сакаат да играат за своите репрезентации и да учествуваат на турнирот за најдобрите. Следствено на тоа, чекавме што е можно повеќе додека траеше барањето на секоја достапна опција за да им овозможиме на нашите играчи да учествуваат на ЗОИ 2022 во Пекинг.” – соопшти комесарот на НХЛ – Гери Бетман.
Исто така, Бетман додаде:
,,За жал, со оглед на комплетното изместување на регуларната НХЛ сезона, предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, учеството на Олимписките игри е неизводливо.”
Имено, во изминатите две недели, челниците на НХЛ одложија точно педесет натпревари, заклучно со 23 декември, поради позитивни случаи на Коронавирус во редовите на неколку екипи.
За крај, извршниот директор на играчката асоцијација на НХЛ, Дон Фер, соопшти:
,,Очигледно, играчите и хокеарските љубители се многу разочарани. Сепак, многу е важно да се одигра цела сезона со осумдесет и два натпревари – нешто што пандемијата не го дозволи уште од сезоната 2018/19. Очекуваме играчите од НХЛ да се вратат на Зимските олимписки игри во 2026.”