Марјан Алтипармаковски е најголемото засилување досега за Струга Трим & Лум а доаѓа од редовите на бугарски Пирин каде настапуваше минатата сезона. Алтипармаковски во својата кариера настапуваше за Пелистер и Работнички, албанскиот Лачи, Сараево од БиХ, Судува од Литванија, како и грчките Ксанти и Панилиакос.
Претходно Струга ТЛ се засили и со дефанзивците Јасмин Мециновиќ и Александар Ристевски, голманот Мирселоски,како и со фудбалерот од средниот ред Бесир Рамадани, a го продолжи договорот и со Нијаз Лена.