Синоќа, осмина-финалистите од Лига Европа завршија дел од својата авантура, а најдобрите осум од нив се пласираа во четврт-финалето.
Ждрепката за истото се одржа демес во Нион, Швајцарија, а таму ќе се соочат:
Гранада – Манчестер Јунајтед
Арсенал – Славија Прага
Ајакс – Рома
Динамо Загреб – Виљареал
Победникот од првиот дуел ќе ги одмери силите со победникот од третата пресметка во првото полуфинале, додека во второто ќе се соочат подобрите од четвртиот и од вториот двобој.
📸 Getty Images