Единствената мешана тимска трка од тековната сезона на Светскиот куп во алпско скијање беше одржана денес во Ленцерхајде, Швајцарија.
На неа, триумфираше Норвешка, која во големото финале ја совлада селекцијата на Германија.
За Норвешка скијаа Кристин Лисдал, Кристина Риис-Јоханесен, Себастијан Фос-Солевааг и Леиф Кристијан Нестволд-Хауген, додека Андреа Филсер, Лена Дир, Александер Шмид и Линус Штрасер ја претставија Германија.
Во битката за третото место, Австрија беше подобра од Шведска.
Имено, Франциска Грич, Катарина Хубер, Адријан Пертл и Фабио Гштрајн ѝ го донесоа на Австрија најниското место на подиумот, а Моа Бостром Мусенер, Сара Хектор, Кристофер Јакобсен и Матијас Ренгрен успеаја да ја квалификуваат Шведска во полуфиналето.
📸 Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images



