Поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков и неговиот Керженг, се пласираа во второто коло од Европскиот Куп откако дома славеа против Талин од Естонија со високи 34:24. На првиот натпревар во Естонија ремизираа 26-26 што беше доволно за пласман понатаму.
Искусното десно крило Владимир Темелков постигна 2 гола и на овој дуел со одлична игра во одбраната, со што даде значаен придонес во победата на неговиот тим.