
Најубедливата победа од триесет и деветтото коло на англиската Лиг 1 ја оствари Чарлтон Атлетик, кој го декласира Шрузбери со 6-0.
Избраниците на Дин Холден доминираа во текот на цел натпревар и постигнаа по три погодоци и во двете полувремиња.
Стрелци за популарните ,,Адикс” беа Скот Фрејзер (27′), Алби Морган (38′), Џесуран Рак-Сакји (45+2′), Мајлс Либурн (61′, п. 70′) и Мекоули Бон (90+2′).
На дваесет минути пред крајот, надежта на гостите во потполност ја уништи Том Фланаган, кој заработи директен црвен картон.
На табелата, Шрузбери остана на десеттото место, додека Чарлтон скокна на дванаесеттата позиција.