Тимот на Ница на македонската репрезентативка Јована Мицевска, се пласира во четвртфиналето на Купот на Франција, откако славеше на гостински терен кај второлигашот Трухтерсхајм со 34-37.
Јована Мицевска беше одлична и натпреварот го заврши со 12 одбрани. Со тоа беше една од најзаслужните за пласманот во четвртфиналето.