Турскиот среден бек Ерај Каракоч кој досега одигра 17 натпревари за репрезентацијата на Турција е нов ракометар на Охрид. Во Охрид тој доаѓа од редовите на Трабзон, а со тимот на Охрид потпиша договор до 2024 година.
Претходно, во Охрид пристигнаа најдобриот стрелец во словенечкиот шампионат Гал Цирар и Стефан Дрогришки, а деновиве се очекуваат уште засилувања.