Кон крајот на минатата година, американскиот портал „Ранкер“ објави анкета „Најубави жени во 2022 година“ во кој беа собрани вкупно 122.000 гласови на читателите.

Првото место, според изборот на читателите, ѝ припадна на Маргот Роби. Актерката стекна светска слава со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street) од 2013 година, а во 2017 година магазинот „Тајм“ ја вклучи меѓу 100-те највлијателни личности во светот.
Израелската актерка, продуцентка и модел Гал Гадот, позната по филмовите Wonder Woman и Justice League, го зазеде второто место на листата.
Третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон, а четвртото на Ана де Армас.
Џесика Алба се најде на петтото место на листата на најубави, која во последниве години, ја стави својата актерска кариера во втор план и се занимава со претприемништво и има своја ‘велнес’ компанија, Honest, која вреди над милијарда долари.
Целата листа на најубави жени може да ја погледнете на следниот ЛИНК.