
Петтиот велеслалом во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција се одржа во Аделбоден, Швајцарија.
На домашен терен, до петтата овосезонска победа, стигна првопласираниот во генералниот поредок, Марко Одермат (2:34,45), кој беше прв после двете денешни серии.
Имено, Одермат прекина пост од четиринаесет години со тоа што стана првиот Швајцарец со победа на велеслаломот во Аделбоден после Марк Берто на 5 јануари 2008.
Второто место го зазеде најдобриот скијач во втората серија, Мануел Фелер (+0,48), а третопласиран беше актуелниот шампион – Алексис Пантуро (+0,54).
Цимерот и сонародникот на Одермат, Жистин Муризие (+1,77) ја освои четвртата позиција, додека петтопласиран беше Матје Февр (+1,89).
Во продолжение, во првите десет завршија уште: Хенрик Кристоферсен (+1,91), Филип Зубчиќ (+1,94), Лоик Мејар (+1,95), Марко Шварц (+2,54) и Сиприен Саразан (+2,88).




