Македонската ракометна репрезентација утре ја очекува стартот на ЕП 2026. На ова првенство се очекува да дебитира големиот битолски талент Самоил Ристевски.
“Нашата цел е секогаш да бидеме на високо ниво и да бидеме дел од големите ракометни натпреварувања. Во селекцијата на Данска играат најдобрите ракометари во светот, имаат малку слаби страни, секако дека повеќето им се добри. Ние се подготвуваме и анализираме со цел да ги искористиме тие нивни послаби страни и ќе се обидеме да го дадеме максимумот. На едно вакво ЕП нема штедење, одиме на сите мечеви по добар резултат“ истакна Самоил Ристевски.




