Екипата на Лирија од село Грнчари кој настапува во Трета лига – Југозапад беше во долниот дел на табелата и во зоната за испаѓање, но од пред две кола на чело на тимот застана, тренерот Никола Гелевски – Бел и веднаш се виде неговата работа.

На деби настапот Гелевски оствари висока победа од 0:7 на гостувањето против ФК Победа Ивањевци, а во новото коло ФК Грнчари како домаќини го совладаа тимот на ФК Преспа со резултат од 2:0 со головите на Дарко Поповски и Пеце Наумовски.

Инаку натпреварот беше и преспанско дерби што му дава поголемо значење на освоените бодови. Никола Гелевски го презеде клубот од претпоследната позиција, а сега со две победи и скор 9-0 тимот се позиционира на 12-то место со 12 освоени бода.




