Екипите на Кантербери Булдогс и НК Каубојс го отворија второто коло од НРЛ на празниот „АНЗ Стадиум“ во Сиднеј. Двете екипи, во првото коло, запишаа пораз. Кантербери одлично го отвори натпреварот со почетна предност од 6-0 преку есејот на Луис и конверзијата на Вејкхам. До крајот на полувремето, Каубојс направија серија од 22-0 и стекнаа капитална предност. Играчите од Северен Квинсленд постигнаа четири есеи кои беа дело на четири различни играчи – Хес, Дринквотер, Хемптон и Таумалоло. Вториот дел го доби Кантербери со резултат од 10-2 преку есеите на То’омага и Крихтон. За То’омага, ова беше прв есеј во својата НРЛ кариера. Конечниот резултат изнесуваше 16-24 за НК Каубојс кои ја запишаа првата победа во новата сезона.
Најдобрите моменти од овој натпревар можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-bulldogs-v-cowboys-1044341/