Пред нешто повеќе од една година, Гевгелија доби нов атлетски клуб наречен ,,7 Ноември”.
Всушност, клубот го симболизира градскиот празник, односно денот на ослободувањето на ,,македонскиот Лас Вегас”.
Токму на овој ден, минатата 2020 година, во Гевгелија беше одржана првата улична трка на пет и на десет километри, која беше виртуелна поради пандемијата.
Сепак, раководителите на клубот веќе почнаа да ја организираат наредната трка, којашто, според досегашните сознанија, нема да биде виртуелна, туку традиционална.
Истата ќе се одржи на 7 ноември 2021 (недела) и освен на пет и на десет километри, ќе биде воведена и детска трка на еден километар.
Минатата година, на пет километри славеа Атанас Епов и Теодора Мурџева, а на десет, најбрзи беа Тодор Анчев и Христина Алаѓозовска.
Повеќе информации во врска со новопланираното натпреварување можете да пронајдете на официјалната Фејсбук страна на АК 7 Ноември Гевгелија и на линковите оставени во прилог.
📸 Фејсбук: Атлетски клуб 7ми Ноември Гевгелија