Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ тврди дека Рамос се договорил со Манчестер Јунајтед и од следното лето ќе ги засили ,,Црвените ѓаволи” без отштета. Веќе извесно време кружат шпекулации каде Рамос ќе ја продолжи кариерата откако стана јасно дека Реал нема да му ги исполни условите околу новиот договор, а во прв ред за преговори чекаа ПСЖ и Манчестер Сити.
По сите изгледи, искусниот стопер ќе заврши во Манчестер Јунајтед и ќе стане ,,Ѓавол” наместо ,,Граѓанин”, но ќе се почека до крајот на актуелната сезона да се види дали тврдењата на шпанскиот медиум се вистинити.