
Актуелниот освојувач на Светскиот куп во санкање, Јоханес Лудвиг, стана новиот олимписки шампион.
Германецот (3:48,735), после четирите серии во Јанкинг (Кина), беше најбрз на патеката и заслужено се закити со златен медал.
На второто место се пласираше светскиот првак во спринт, Волфганг Киндл (+0,160), освојувајќи го првото одличје на ЗОИ.
Со денешната трета позиција, медал на Италија и’ донесе Доминик Фишналер (+0,951), кој стана третиот претставник на апенинската земја со медал на ЗОИ во санкање.
На четвртата позиција заврши светскиот шампион од минатата сезона, Феликс Лох (+1,143), а поради грешка во финишот, на петтото место падна најдобриот Летонец – Кристерс Апарјодс (+1,318).
Во првите десетмина се најдоа уште: Макс Лангенан (+1,357), Гинтс Бержинс (+1,438), Крис Маздзер (+2,642), Роман Репилов (+2,899) и Семјон Павличенко (+2,914).



