Екипата на Велешта ќе биде дел од Втората лига Запад во натпреварувачката сезона 2020/21 откако денеска ја посака жрепката.
На извлекувањето во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, Беса од Добри Дол, Велешта од Велешта и Фортуна од Скопје, жрепката одлучи тимот на Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига.
Според пропозициите, жрепката одлучуваше за пополнување на 2.МФЛ Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг.
Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на Росоман 83 од Росоман и Слога 1934 од Виница да бидат дел од Втората лига Исток. Одлуката е донесена откако Питу Гули од Крушево го откажа своето учество и натпреварувањето ќе го продолжи во Третата лига Центар.