Лина Ѓорческа е најдобра македонска тенисерка, ама навива и за моментално најдобриот шпански клуб во првенството Реал Мадрид.
„Кралевите“ ја освоија 34. титула во историјата и ја прекинаа хегемонијата на Барселона, па Ѓорческа на последниот тренинг ја покажа љубовта кон мадридскиот клуб. Таа тренираше во „кралско“ руво, а се подготвува за следните предизвици во „белиот спорт“.

Пандемијата со ковид-19 направи голем проблем во календарите, па единствен настап на Ѓорческа во изминатиот период беше во Белград, на Источноевропскиот турнир каде оствари седум победи, а доживеа само еден пораз.
