
Вчера, Барис Нур-Султан го декласираше тимот на Адмирал Владивосток со убедливи 1-5.
Сепак, денес, домаќините го ,,возвратија ударот” и во потполност ги надиграа своите ривали со 3-0.
Во првата третина, резултатот го отвори Павел Шен, а во вториот дел стрелаа Либор Шулак и Дмитри Сидлјаров.
На голот на победничкиот состав беше Павел Хомченко, кој го запиша дебитантскиот шут-аут во КХЛ со 18/18 одбранети противнички шутеви.
Во Источната конференција, Адмирал го држи шестото, а Барис – осмото место.