
Петтото натпреварување во машка конкуренција од новата сезона на Светскиот куп во санкање имаше неверојатен епилог.
Имено, во германскиот Алтенберг, битката за златото заврши со поделба на првото место помеѓу Волфганг Киндл и Макс Лангенан, откако двајцата санкачи имаа исто време до илјадити дел од секундата (1:47,997) после две серии.
Веднаш зад нив, со третото место мораше да се задоволи Јоханес Лудвиг (+0,033), а третиот Германец во топ 4 беше Феликс Лох (+0,086).
Победникот на последното двосериско натпреварување, Кристерс Апарјодс (+0,095) ја освои петтата позиција, а под половина секунда доцнеа уште: Александр Горбачевич (+0,273), Доминик Фишналер (+0,327), Семјон Павличенко (+0,345) и Роман Репилов (+0,352).