Бојана Диневска е новото засилување на Женскиот ракометен клуб Чаир во пресрет на новата сезона.Станува збор за ракометарка која беше една од константните во тимот на Вардар.
“ЖРК Чаир ќе биде нов чекор во мојата кариера, ме импресионира фактот дека се посакува успех. Управата на Чаир најавува градење на топ-тим и јас сакам да сум дел од него. Благодарна сум за шансата и едвај чекам да започнеме.
Имам високи очекувања од сезоната, затоа што вербата во тимот на ЖРК Чаир за успех ме мотивира. Верувам дека со напорна работа ќе ги постигнеме нашите цели. Да се биде дел од тим со шампионски амбиции, само по себе е мотив“, изјави Бојана Диневска.”
ЖРК Чаир почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Диневска е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција.