
Пред осум дена, екипата на Ники Волос гостуваше кај АЕЛ Лариса во поразот од 1-0 во рамките на грчката Супер лига 2 Север.
Денес, во петнаесеттото коло, тимот од Волос одигра уште едно дерби на Тесалија, но овој пат против Аполон Лариса.
По четврт пат во низа, Аполон успеа да запише победа над Ники Волос, откако денес триумфираше со 0-2.
Стрелци за гостите од Лариса беа Вангелис Нусиос (3′) во првото и Константинос Хатцис (81′) во второто полувреме.
И покрај новите три бода, Аполон остана на претпоследната позиција на табелата, додека Ники Волос го задржа осмото место.
Во вториот меч од истиот термин, Аридеа Алмопос славеше со 3-0 над Олимпијакос Б.




