
Американскиот фудбал важи за спорт, кој стекнува најрапидна популарност низ светот.
Неговата најквалитетна лига, НФЛ, веќе четиринаесет години го помага овој процес со тоа што организира по неколку натпревари од регуларната сезона во други држави, односно во Мексико и во Англија.
Третиот чекор од популаризацијата на американскиот фудбал во ,,режија” на НФЛ е планот за организирање на натпревари во Германија веќе од наредната сезона.
Во вторник ќе бидат објавени и трите финални градови што би требало да угостат натпревар од најквалитетното натпреварување.
Според новите реформи, секоја сезона ќе бидат одиграни најмалку четири интернационални мечеви, а секој тим ќе има по еден ,,домашен” натпревар во странство на секои осум години.
Од утре, НФЛ се враќа во Европа после принудната пауза од две години, откако на ,,Тотенхем Стадиум” во Лондон, силите ќе ги одмерат Атланта Фалконс и Њујорк Џетс.
Во соработка со НФЛ Македонија



