За време на првата рунда од овогодинешниот драфт, Роџер Гудел, комесарот на НФЛ, изјави:
„Задоволен сум што ќе известам дека Лас Вегас ќе биде домаќин на драфтот во 2022, каде што се надеваме дека ќе биде одржан поголем и подобар настан од оној што можевме да го замислиме оваа година.“
Имено, Лас Вегас беше назначен за домаќин и на овогодинешниот драфт, но поради пандемијата од Коронавирусот, истиот беше одржан онлајн по првпат во историјата.
„Благодарни сме на НФЛ што ни даде можност да организираме драфт во Лас Вегас во 2022. Истовремено сме разочарани што не бевме во можност да го оживееме овој настан годинава.“ – се огласи претседателот на конвенцијата на Лас Вегас – Стив Хил.
Домаќин на драфтот во 2021 ќе биде Кливленд.



