Денес беше одржана првата рунда од овогодинешниот НФЛ Драфт кој требаше да се одвива во Лас Вегас во придружба на атрактивни елементи. Сепак, поради пандемијата од Коронавирусот, истиот беше одржан онлајн за првпат во историјата. Прв пик имаше најслабата екипа од изминатата сезона односно Синсинати Бенгалс.
Честа да биде изберен како прв онлајн пик ја имаше Џоу Бароу. Изборот беше евидентен уште од крајот на 2019 кога Синсинати сфатија дека имаат проблем на позицијата квотербек, а Бароу ги задоволуваше сите критериуми. Имено, Џоу Бароу е освојувач на Хајсман Трофи од минатата сезона – признание кое го добива најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната во НЦАА (колеџ лигата). Веќе бившиот квотербек на ЛСУ (Луизијана Стејт Универзити) покажа неверојатни перформанси и постави неколку рекорди на својата конференција. Освен со 13 победи од 13 натпревари, тој со 48 тачдауни и 4715 јарди освоени со додавање стана првиот играч од Југоисточната Конференција кој стигнал до овие броеви. Со својот тим, Бароу ја освои титулата во НЦАА со вкупно 60 тачдаун-додавања.
Бароу стана третиот последователен освојувач на Хајсман Трофи кој бил изберен како прв пик на драфтот и вкупно дваесет и трети кој ги обелоденил и двете достигнувања.