
Женската одбојкарска репрезентација на Србија избори учество во финалето на Европското првенство по третпат во низа.
Избраничките на Зоран Терзиќ, во епското полуфинале, кое воедно беше и реприза на последното финале од 2019, ја поразија Турција со вкупни 3-1.
Во првиот сет, после 42-минутна борба, Турчинките ја искористија дури осмата сет-топка за да стигнат до водство од 0-1, откако славеа со 32-34.
После втората партија, Србинките израмнија на 1-1 после 34 минути игра, добивајќи ги своите ривали со 28-26.
Наредните два сета припаднаа во целост на домашната селекција, која со фрагменти од 25-23 и од 25-13 дојде до конечниот триумф.
Најзаслужна за третото финале за Србија беше најдобрата одбојкарка во Европа, Тијана Бошковиќ, која постигна неверојатни 39 поени.
Од нејзините соиграчки, двоцифрени беа уште Мина Поповиќ (10), Милена Рашиќ (11) и Катарина Лазовиќ (11).
На спротивната страна, Ебрар Каракурт беше најистакната со 23 поени, а по неа следуваа Еда Ердем (14) и Ханде Баладин (12).
Во големото финале, во ,,Штарк Арена” во Белград, Србија ќе ја брани титулата против победникот од второто полуфинале помеѓу Италија и Холандија.



