Наредниот викенд Струга и Македонија ќе бидат домаќини на Балканскиот шампионат во веслање.

На шампионатот ќе учествуваат најдобрите веслачи од Македонија, Грција, Романија, Турција, Србија, Албанија, БиХ…

Градот на поезијата и градот од кој произлегле многу спортисти од 10 до 12 септември ќе биде добар домаќин на најдобрите балкански веслачи. Настанот ќе биде организиран во согласност со сите протоколи против Ковид 19.




