Вториот натпреварувачки викенд од Светскиот куп во ски скокови, веднаш после Новогодишната турнеја, се одржа во полскиот Закопане.
На денешната програма беше второто тимско натпреварување во сезоната.
Иако Полска беше убедлива после шест скокови, во втората серија потфрли Андржеј Стекала и неочекувано им овозможи на Австријците да дојдат до втората екипна победа сезонава.
За Австрија скокаа Михаел Хајбок, Јан Херл, Филип Ашенвалд и Даниел Хубер.
За второпласираната домашна селекција, освен Стекала, настапија Пјотр Жила, Камил Штох и Давид Кубацки.
На третата позиција се пласираа Норвежаните, кои благодарение на Халвор Егнер Гранеруд, на Мариус Линдвик и на Роберт Јохансон го анулираа потфрлувањето на Даниел Андре Танде.
На четвртото место заврши Словенија, а во продолжение следуваа Јапонија, Германија, Финска, Швајцарија и единствената репрезентација што отпадна по првата серија – Италија.
📸 EPA/ILNITSKY