Атлетик Билбао ќе му биде противник на Барселона во финалето од Купот на Шпанија, откако Баскијците ги елиминираа Леванте и Енис Барди во реваншот кој го добија со 2:1 по 120 минути игра.
Барди како резерва од клупата влезе на почетокот од второто полувреме, по што се најде во убава шанса од слободен удар да ја погоди противничката мрежа, меѓутоа голманот на Билбао интервенираше навремено. Кобна за Барди и Леванте беше 112 минута кога Беренгер со помош на Вукчевиќ го постигна тој победоносен гол за финале во Копа Дел Реј.