Вардар со убедлив пораз од Мешков Брест ги заврши настапите во групната фаза во Лигата на шампионите, па како седмопласиран двократниот европски првак во осминафиналето ќе се сретне со Веспрем.
По мечот, капитенот Столе Стоилов беше видно лут на играта која ја покажаа неговите соиграчи, па изјави: ,,Некои играчи во Вардар не разбираат за каков голем клуб играат кога ќе излезат на теренот. Не можат да разберат како се носи овој дрес. Токму тоа е нашиот најголем проблем, немам повеќе што да додадам“ кажа на крај Стоилов.