Веќе долг низ на години, НБА лигата е најквалитетна кошаркарска лига во светот.
Имено, истата била формирана во 1949, кога се споиле двете дотогашни лиги со акроним БАБ (Basketball Association of America) и НБЛ (National Basketball League). Титулите од БАБ, којашто постоела само три години пред да се спои во НБЛ, се рангирани како титули во НБА.
Сезоната 1949/50 била прва сезона на денес познатата НБА лига, која оттогаш наваму се игра секоја година без престан.
Како прв шампион е етаблиран тимот на Минесота Лејкерс, кој во финалето, со вкупни 4-2, ги совладал Сиракјус Нешоналс. Подоцна, Лејкерс се префрлиле во Лос Анџелес (во 1960), а Нешоналс, во 1963, станале денешните Филаделфија 76ерс.
Досега, Лејкерс и Бостон Селтикс се најтрофјни тимови со вкупно седумнаесет титули, вклучувајќи ја и необичната сезона 2019/20.
Од актуелните тимови, четири се без титула, но имаат играно барем по едно финале, а дури шест немаат никогаш изборено пласман во финалето. Во првата група спаѓаат Феникс Санс, Јута Џез, Бруклин Нетс и Орландо Меџик, а во втората – Шарлот Хорнетс, Денвер Нагетс, ЛА Клиперс, Мемфис Гризлис, Минесота Тимбервулвс и Њу Орлеанс Пеликанс.
Досегашни трофеи:
1. ЛА Лејкерс – 17 – првите 5 како Минесота Лејкерс притоа една во БАА (1949, 1950, 1952, 1953, 1954, 1972, 1980, 1982, 1985, 1987, 1988, 2000, 2001, 2002, 2009, 2010 и 2020)
2. Бостон Селтикс – 17 (1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965, 1966, 1968, 1969, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986 и 2008)
3. Голден Стејт Вориорс -6, од кои 2 како Филаделфија Вориорс, а една од нив во БАА (1947, 1956, 1975, 2015, 2017 и 2018)
4. Чикаго Булс – 6 (1991, 1992, 1993, 1996, 1997 и 1998)
5. Сан Антонио Спарс – 5 (1999, 2003, 2005, 2007 и 2014)
6. Филаделфија 76ерс – 3, од кои првата како Сиракјус Нешоналс (1955, 1967 и 1983)
7. Детроит Пистонс – 3 (1989, 1990 и 2004)
8. Мајами Хит – 3 (2006, 2012 и 2013)
9. Њујорк Никс – 2 (1970 и 1973)
10. Хјустон Рокетс – 2 (1994 и 1995)
11. Кливленд Кавалирс – 1 (2016)
12. Атланта Хокс – 1, освоена под името Ст. Луис Хокс (1958)
13. Вашингтон Визардс – 1, освоена под името Вашингтон Булетс (1978)
14. Оклахома Сити Тандер – 1, освоена под името Сиетл Суперсоникс (1979)
15. Портланд Трејл Блејзерс – 1 (1977)
16. Милвоки Бакс – 1 (1971)
17. Далас Маверикс – 1 (2011)
18. Сакраменто Кингс – 1, освоена под името Рочестер Ројалс (1951)
19. Торонто Рапторс – 1 (2019)
20. Балтимор Булетс – 1, освоена во БАБ (1948) – клубот не постои од 1954



