Некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, даде интересна изјава дека знае во кој клуб Месут Озил ќе ја продолжи кариерата. За Озил нема иднина во Арсенал. „Знам каде ќе замине тој, но нема да ви кажам. Многу работи зависат од тоа дали тренерот сака да работи на дефанзивниот баланс на тимот”- изјавува Арсен Венгер за случајот Месут Озил.
Се шпекулира дека Озил имал тајни состаноци со шефовите на истанбулскиот Фенербахче, но останува да се види дали турскиот Германец ќе потпише за Фенер или сепак ќе продолжи во некоја од Топ 5 лигите.



