Охриѓанецот Наум Костов одигра фантастичен натпревар и покажа дека сезонава сериозно ќе се бори за врвот на листата на стрелците во македонската Суперлига.
Десното крило на Куманово постигна 15 погодоци против актуелниот шампион Вардар, во натпреварот од второто коло, и беше еден од најзаслужните за големиот триумф на својот тим со 32:30.
Костов имаше неверојатна реализација, а по само две одиграни кола веќе се наметна како лидер меѓу најдобрите стрелци во лигата.
На првиот натпревар против Прилеп постигна 8 гола од 9 обиди, а против Вардар продолжи во ист стил – 15 погодоци од само 24 шута.
Тоа значи дека охриѓанецот по две кола има неверојатни 23 гола, со кои испрати јасна порака: Костов е сериозен кандидат за најдобар стрелец во Суперлигата!




