ЖРК Струга забележа убедлива победа над КХФ Јехона со 30:18 во првиот натпревар од Првата женска лига. На гостувањето во Гостивар стружанки имаа одлична реализација и уште во текот на мечот ја презедоа контролата.
Најефикасни кај Струга беа Леа Пејоска и Маја Ашталковска, кои постигнаа по 6 гола. Следуваа Елена Ѓонеска и Ива Пејоска со по 4, додека Јана Петрeска постигна 3 гола.
Стрелци за Струга беа:
- Леа Пејоска – 6 гола
- Маја Ашталковска – 6 гола
- Елена Ѓонеска – 4 гола
- Ива Пејоска – 4 гола
- Јана Петрeска – 3 гола
- Матеа Димитроска – 2 гола
- Калина Симоновска – 2 гола
- Ива Крстаноска – 1 гол
- Ана Ашталковска – 1 гол
- Емилија Атанаскоска – 1 гол
Кај Јехона, убедливо најефикасна беше Алтина Хасани со 9 гола од 10 обиди, додека Марија Ѓорѓиевска постигна 2, а Монера Муслију и Агнеса Хасани по 2 односно 1 гол според статистиката од натпреварот.




