вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

,,Настапот за нашата Македонија ми е голема чест”: Теа Божиновска со паралела помеѓу фудбалот и атлетиката

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јуни 13, 2022
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
📸 Instagram: @ bozhinovskka

Теа Божиновска е македонска фудбалерка, родена во 2003 година, која настапува за ЖФК Скопје, а ја започна младинската кариера во ЖФК Џиџи под тренерската палка на Снежана Трпевска.

Исто така, таа ги бранеше боите на ЖФК Тиверија, го облече и националниот дрес во У19 категоријата и во меѓувреме доби повик во сениорската репрезентација на Македонија.

Сепак, освен на зелениот тревник, младата Божиновска ги покажа своите спортски квалитети и на атлетските полиња.

Имено, Божиновска беше победничка на уличната трка ,,Трчаме за Рацин” на дистанцата од 4,6 километри со време од 20:09 минути.

Во врска со спојот помеѓу фудбалот и ,,кралицата на спортовите”, Теа одговори на неколку прашања за ,,Јави се јужна”.

1. Колку долго се занимавате со спорт и дали отсекогаш фудбалот ви бил приоритетна активност?

– Со спорт се занимавам откако знам за себе, а фудбалот е клучен спорт во моето семејство. Почетоците ми беа во моето основно училиште, како деветгодишно девојче, во ООУ ,,Браќа Миладиновци” предводена од наставникот Дејан Димитријевиќ, кому сум особено благодарна. Следејќи ги стапките на мојата сестра која порано се занимаваше со фудбал, фудбалот дефинитивно стана приоритет во мојот живот.

2. Дали трчањето Ви е позната територија, односно дали сте учествувале на други трки претходно?

– Да, трчањето ми е една дополнителна активност која ме исполнува и која е задолжителна за секој спортист. Имам учествувано и на претходни трки, меѓу кои ,,Спортски викенд” во мојата општина Илинден на која имам освојувано: второ место на 300 м, второ место на 600 м и прво место штафетно трчање. Минатата година учествував и на ,,Женска трка” организирана од страна на Авицена на 3 км на која освоив прво место во категорија до 18 години. Меѓутоа трката која се одржуваше во Велес ,,Трчаме за Рацин” ми е особено драга. Се соочив со поголем предизвик, со многу професионални атлетичари, меѓутоа напорната работа ми го донесе првото место во општиот пласман на 4,6 км.

3. Кој ја донесе одлуката за да се пријавите на трката ,,Трчаме за Рацин”?

– Одлуката ја донесов сама. Видов дека се одржува настан од ваков карактер и си зададов цел, која сакав да ја достигнам.

4. Дали, за време на паузата помеѓу двете сезони, имате во план да продолжите со уличните трки како дополнителна мотивација за задржување на физичката подготвеност?

– За жал не, бидејќи добив повик од сениорската фудбалска репрезентација на Македонија. Во период од 22 до 27 јуни имаме собир, два пријателски натпревари против репрезентацијата на Косово, а потоа ни започнуваат подготовките за претстојната сезона. Сепак, фудбалот ми е прва љубов, а настапот за нашата Македонија ми е голема чест.

5. Според Вас, кои елементи најмногу ги поврзуваат фудбалските натпревари и уличните трки?

– Секој елемент во поглед на публика, запознавањето на многу спортисти кои ја имаат истата желба за успех како мене во било која област,  но најмногу  дисциплината за тренинг и посветеноста за остварување на својот сон.

6. Победата во Велес го прослави Вашето име и помеѓу љубителите на атлетиката. Како успешен спортист на повеќе полиња, кој совет ќе им го дадете на идните генерации, кои имаат желба да се бават со фудбал, со атлетика или со било кој друг спорт?

– Спортот е најдоброто нешто кое може да му се случи на секој човек. Колку е добро за физичкото здравје толку е добро и за менталното здравје. Идните генерации би ги советувала да се занимаваат со било кој спорт, па дури и да е рекреативно. Само континиутет, напорна работа и посветеност го носат човек кон правиот и професионалниот пат.

Tags: атлетикаТеа БожиновскаТрчаме за РацинФудбал
ShareTweet
Претходна вест

Епов втор на 5К, Туртуров четврти на 10К во трката “Струмица на улица”

Следна вест

Влатко Митков ќе биде тренер во Холабрун

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест
Влатко Митков ќе биде тренер во Холабрун

Влатко Митков ќе биде тренер во Холабрун

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.