На најголемото ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое ќе го одлучи шампионот на Македонија, судии ќе бидат најдобриот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Делегати на мечот што се игра во сабота во Битола во „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот ќе бидат Ацо Николовски и Драган Начевски.