Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ со блескав настап од 24 поени, 6 асистенции, 2 скока и 3 украдени топки го водеше Уникс Казан до пласман во финалето во ВТБ-лигата. Во полуфиналето во мајсторката со Зенит тимот на Димитриевиќ во драматичен натпревар победи со 80-79.
Уникс во финалето ќе игра со Локомотив Кубан кој вчера по продолженија во мајсторката славеше со 103-100 против ЦСКА Москва, чиј тренер е Емил Рајковиќ