МЗТ Скопје Аеродром имаше одлично второ полувреме во кое го скрши отпорот на Феникс 2010, за победа (76:54), и нов трофеј во витрините

Одлична увертира во новата сезона направи актуелниот бранител на домашните титули – МЗТ Скопје Аеродром.
Во натпреварот во кој го бранеа пехарот наменет за најдобрата екипа во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, беа подобри од екипата со која во изминатата сезона играа во финалето на Купот на Македонија, Феникс 2010.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 76:54
Доста изедначено прво полувреме во одличниот амбиент гкреиран во СРЦ Кале“ креираа учесниците на Суперкупот „Драпган Василов-Цевка“.
Доста „тврдо“ одиграа двете екипи во првите 20.минути, извесно и поради недоволната воиграност на двете страни, особено ако се земе в предвид дека и двата ривали направија голем број промени во оној играчки ростер во текот на летната пауза.
Па оттука, овој меч беше и „добредојден“ и за шампионот, и за финалистот на Купот на Македонија.