Денес во Бар Црна Гора се одржа Балканското првенство во Триатлон.
Нашата триатлон репрезентација во чиј состав беа и нашите Тија Кукунешоска и Матео Мачоски,настапи со 9 членови,еден тренер и претседател.
Најдобар пласман освои Сергеј Малјановски Арнаудовски со освоено трето место во категорија супер спринт.
Покрај официјалната репрезентација на ова Балканско првенство ,покриени од своите родители настапија уште и :
Боби Јаневски
Томи Тодоровски
Дариан Грнчаровски
Гордан Божовиќ во категориите супер спринт и кидс триатлон , во категоријата Аге груп настапија Блерта Хани и Никола Кутаноски а додека на балканското во Акватлон за помалите категории 2012-2013 настапија Марко Шаврески и Хади Исмаилоски а 2014 и и помали Стефанија Кутаноска, Софија Кутаноска и Јован Кутаноски.
Нашите членови успеаја да ги освојат следните места:
Блерта Хани балкански првак жени Аге груп севкупнен победник и нејзина возрасна категорија повторно прва.
Никола Кутаноски трето место севкупен пласман и 2 ро место во негова категорија.
Додека во детските категории со пиедестал се закитивме во Категорија 2014 и помали
Софија Кутаноска беше балкански првак акватлон или прво место.
Стефанија Кутаноска вице првак ,второ место
Во машка категорија Јован Кутаноски балкански првак во акватлон или прво место.
Во категорија 2012-2014 Марко Шаврески го освои 7мото место а додека Хади Исмаилоски 10 место.
Честитки за сите учесници на успешно завршената трка и освоените места.
Повеќе настапи,повеќе искуство,помалку трема .
Спортски поздрав
Наредна трка државното првенство во Дуатлон Скопје.