
Единствениот саботен натпревар од Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип беше четврт-финалето на Алстер, во кое се соочија Монахан и Ферманах.
Во овој дуел, Монахан лесно ги надигра своите ривали со резултат од (1-21) 24-14 (0-14).
Домаќините стекнаа предност од осум поени разлика после првото полувреме, а веќе во второто само го зголемија своето водство.
Единствениот стрелец на гол беше Џек МекКерон (1-2), кој воедно беше поентерски најрасположен од својот тим, заедно со Конор МекМанус.
Од редовите на Ферманах, со седум поени, најефикасен беше Шон Квигли (0-7), кој беше ,,виновен” за половина од вкупниот учинок на ,,Зелените”.