Младиот македонски голман Стефан Јакимовски (23 години) си замина од тимот на Шкупи во потрага по поголема минутажа.
Талентираниот Стефан Јакимовски има настапи за младинските селекции на Македонија до 21 и 19 години. Тој во редовите на минатогодишниот шампион Шкупи дојде од Алмопос (Грција) , а кај нас настапуваше за Борец, Кадино, Локомотива, Њу Старс, Еуромилк.